Уште една трагедија се случи во фудбалскиот свет. Имено бразилскиот фудбалер Риулер Де Оливеира, инаку член на Шонан Белмаре, тим од Јапонија, починал во сон. Риулер имал само 23 години.
Оваа вест ја потврдија од самиот клуб.
“Риулер почина на 23 години. Моментално ги очекуваме резултатите од обдукцијата. Се молиме за неговата душа“.
Инаку се шпекулира дека Риулер починал од срцев удар.
Трагично починатиот фудбалер, пред да игра во Јапонија беше член на големи клубови во својата земја, како Интернационал и Атлетико Параненсе. Играше и за младинските селекции на својата земја.