Челзи го сака Еден Азар на позајмица

270

Англиские медиуми јавуваат дека во зимскиот преоден рок, тимот на Челзи ќе се обиде во своите редови повторно да го доведе Белгискиот интернационалец, и сегашен член на Реал Мадрид, Еден Азар.

Тој е екс играч на Челзи, и токму од овој клуб, за 115 милиони евра во 2019 година беше продаден во Мадрид. Сепак, повредите и неиграњето го направија Азар едно од најлошите засилувања во историјата на овој клуб, па сега на 30. годишна возраст Челзи сака да го рехабилитира Азар со позајмица до крајот на сезоната. Азар најдобрите сезони во кариерата ги помина токму во Челзи, каде остана седум години, и во кои запиша 352 натпревари и 110 гола за клубот.

 

ПретходноБензема доби една година условен затвор
СледноГасперини: На вештачка трева ниту Меси нема да одигра како што треба (ВИДЕО)