Хрватскиот интернационалец и член на тимот на Ред Бул Лајпциг, Јошко Гвардиол синоќа заедно со своите соиграчи прописно се израдува на труиумфот од Лигата на Шампионите на гостински терен против тимот на Бриж. Конечните 0:5 се производ на тоталната доминација на Германците на овој меч, а по еден од погодоците, играчите на Ред Бул се радуваа блиску до трибините. Беа „почестени“ со „дожд“ од предмети фрлени кон нив, секако и неколку чаши со пиво, а Гвардиол во еуфорија една од нив „дочека“ на глава… погледнете.
Joško Gvardiol headbutting a pint of beer thrown at the Leipzig players 😆🍺pic.twitter.com/Gl0YdgPw3v
— Gilles 🇳🇬🏴 (@_Grimanditweets) November 25, 2021