Една година без Диего: Голот на векот во спомен на Марадона! (ВИДЕО)

293

Денеска се навршува една година од како фудбалот го загуби Диего Армандо Марадона. Човекот кој според многумина беше најдобар фудбалер во историјата. Кариера исполнета со многу контроверзи, но уште повеќе блескави моменти.Секогаш на страната на послабите. Икона на Бока, Наполи и Аргентина. Икона на ФУДБАЛОТ.

Виртуоз, магионичар, фудбалски БОГ…

Лани на 25 ноември светот занеме, зарем без Диего…

Знаеме дека таму горе некој друг ужива во мајсториите и головите на Марадона.

Спортмедиа во спомен на годишнината од како сме без него, ве потсетува на голот на векот. Дело на Диего, гол на СП во Мексико 1986 година, кога Аргентина ја победи Англија…

ПретходноБарди е дел од историјата на Леванте!
СледноЛеонардо е причината зошто Зидан го одбил ПСЖ!