Инзаги: Четвртфиналето во Лигата на шампионите ми е цел уште од првиот ден во Интер

204

Симоне Инзаги ја оствари својата прва голема цел како тренер на Интер оваа сезона – да се пласира во осминафиналето во Лигата на шампионите. Шампионот на Италија како домаќин го победи Шахтјор Доњецк со 2-0 со двата гола на Един Џеко.

„Стигнавме до четвртфиналето и тоа е добро. Тоа беше целта што ја поставив на денот кога бев назначен за тренер на Интер . Тоа беше нешто што тимот го немаше постигнато десет години. Сега имаме 10 бода и сме во серија од три победи, а ова ни е втора за три дена по успехот против Наполи во Серија А. Сега сме во добра форма, но нема да заборавиме какви опасности крие секој противник до крајот на сезоната“ – изјави Инзаги па додаде.

„Ги следам тактичките упатства, мислам дека го имаме најдобриот напад во Италија, иако заостануваме зад врвот на табелата. Се надевам дека тоа ќе се промени“, рече стратегот на Интер.

ПретходноКолом: Нема потценување на ниту еден ривал, респект за секого
СледноСудии за ПМФЛ и ВМФЛ: Грујоски во Ѓорче, Смоквоски на дербито Воска – Вардар!