Со оглед на тоа дека веќе неколку денови Манчестер Јунајтед не може да најде адекватно име за шеф на струката или менаџер на тимот, откако отказ доби Солскјер а Керик е само привремено решение, легендарниот Ерик Кантона малку се пошегува на социјалните мрежи.
Тој покрај останатото на своите социјални мрежи напиша…
“Здраво пријатели! Би сакал ексклузивно да ве информирам дека јас сум новиот менаџер на Манчестер Јунајтед. Подоцна ќе ви ги кажам имињата кои се дел од мојот стручен штаб. Се гледаме наскоро“ порача некогашната мега – ѕвезда на Јунајтед, кој кога играше во клубот од “Олд Трафорд“ беше еден од најпопуларните фудбалери во светот, а Манчестер непрокосновен во Премиер лигата па и во Европа.
ФОТО: Twitter