Мурињо: За нас мечот со Зорија е финале

175

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, изјави дека денешниот натпревар со Зорија е своевидно финале за неговиот тим. Причината за тоа е неговата важност за пласман во следната фаза од Конференциската лига на Уефа.

„Ако победиме, се квалификуваме. Ако загубиме, сме во аут. Нерешениот резултат ќе ја остави нашата судбина во наши раце. Ова ќе биде финале за нас. Ќе ни биде тешко да го комбинираме првенството со Конференциската лига со месеци, но ова е проблем што сакаме да го имаме“, објави Мурињо на денешната прес-конференција.

Дуелот меѓу Рома и Зорија се игра со почеток во 21 часот.

ПретходноКвалификации за СП: Македонија без најдобрите на мегдан со С. Ирска!
СледноНајмладиот со најголема верба: Нема предавање!