Најмладиот кошаркар во актуелниот ростер Теодор Симиќ, кој ги брани боите на Барселона истакна дека овој национален тим нема да се предаде на утрешниот прва квалификациски дуел за СП 2023 против Шпанија и покрај сите пречки со кои се соочува и отсуствата на важни играчи
„Се надевам на еден добар натпревар. Ќе бидеме максимално мотивирани против Шпанија и ќе се потрудиме да го дадеме најдоброто од себе, да одиграме што подобро и да извлечеме што е можно подобар резултат против квалитетна селекција како што е нашиот следен ривал. Нема предавање“– изјави Симиќ.
Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија се игра в петок со почеток од 19.30 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.