ПОЛУВРЕМЕ: Вардар во очај и со негатива од седум гола

146

Македонскиот првак тргна многу лошо на реванш дуелот со Пик Сегед на домашен терен. По првото полувреме има негатива од седум гола (9-16). Само четворица играчи се запишаа во листата на стрелци кај домашниот тим, четири гола има Дибиров, три Гаџа, по еден Стоилов и Оливе Њокас.

Петнаесетт минути за заборав во СЦ „Јане Сандански“. Вардар 1961 беше непрепознатлив на теренот, лош напад. Со одбрана на Томовски и гол на Стоилов за 1-0 почна дуелот и токму тука застана македонскиот првак. Следеше серија промашувања, изгубени топки, но и исклучувања им се случија на избраниците на Веселин Вујовиќ.

Цели 14 минути беа без постигнат гол, на другата страна Пик Сегед со серија од 8-0 поведе со 1-8 во 15 минута. Вардар 1961 имаше среќа, што не прими и повеќе голови.

Лошата низа ја прекина, Анте Гаџа, го најде патот до голот на противникот за 2-8. Предноста од седум гола унгарскиот првак ја имаше и во 19. минута (2-9). Од овој момент Гаџа и Дибиров со два седмерци намалија на 5-9 во 22. минута.

Вардар 1961 успеа да се врати колку толку напаѓачки, но тоа не беше доволно. Одбраната одново беше пробле,м гостите одржуваа позитива од пет до шест гола во самиот финиш. Миклер беше во форма, запиша осум интервенции. Токму благодарение на него, Пик Сегед ја врати највисоката позитива од седум гола, беше 8-15 на две минути до одморот.

По првите 30.минути во „Јане Сандански“ е 9-16. Вардар мора да покаже нешто повеќе, а Вујо да смисли нешто подобро!

ПретходноМура го совлада Тотенхем, Англичаните пред испаѓање од КЛ (видео)
СледноЖорди Гомез постигна гол за паметење во КЛ (видео)