Екипата на Бадел 1862 вечерва во меч од женската јадранска лига убедливо е поразена од Целје со 98:59. Очекуван пораз ако се знае дека нашиот претставник не беше во комплетен состав, недостасуваа повеќе кошаркарки.
“Баделки“ успеваа само на почетокот од мечот колку – толку да се “носат“ со тимот на Целје, но како што одминуваше времето домашните кошаркарки постојано ја зголемуваа предноста, за да на крајот таа изнесува речиси 40 поени разлика.
Најефикасна во нашиот состав беа Кметовска со 21 поени и Стојановски со 17. Да кажеме и тоа дека само пет кошаркарки успеваа да реализираат поени.