Барди е дел од историјата на Леванте!

1136

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е дел од историјата на Леванте. Поточно тој влезе во историјата на клубот по број на одиграни натпревари за Леванте во Ла Лига. Имено тој на дуелот со Атлетико Билбао го имаше својот 126 меч за Леванте во елитната лига на Шпанија. Сосема доволно да се искачи на четвртото место по број на настапи.

Сега пред него се само Моралес со 223 меча, Роџер со 159 и Хуанфран со 153.

По тој повод еден од нашите најдобри репрезентативци за шпанските медиуми кажа дека е многу горд на ова остварување…

Секако дека е гордост да се биде дел од историјата на Леванте. Големо достигнување е да се биде во друштво на Моралес, Роџер и Хуанфран. Многу сум среќен тука во Леванте, што сум дел од овој клуб. Мораме да бидеме подобри, да го однесеме тимот каде што заслужува да биде на радост на нашите фанови“ истакна Барди.

ПретходноАнкета-3: Во баражот на никого нема да му биде лесно со Македонија!
СледноЕдна година без Диего: Голот на векот во спомен на Марадона! (ВИДЕО)