Веселин Вујовиќ е подготвен да поднесе оставка доколку така одлучи раководството на клубот. На официјалната прес-конференција по завршување на мечот со Пик Сегед потенцира дека во Вардар се вратил со една цел, да му помогне кога му е најтешко.
Во публиката се чувствува незадоволството од тренерот на македонскиот првак, кој вели дека мора сите да бидат реални.
„Ако мислат дека друг тренер може да направи промени, јас ќе си заминам. Дојдов да го спасам Вардар, да му помогнам во моментите кога ќе згаснеше. Јас не бев во Вардар кога беше најсилен.
Јас сум човек победник, не ми е лесно кога гледам 8-1, најлесно е во тие моменти да исчезнеш. Ќе останам тука додека ми веруваат. Треба да бидеме реални, првите резултати не залажаа дека имаме екипа за високи дострели. Нашата реалност е петто или песто место“, рече Вујо.
Следниот противник на македонскиот тим во Лигата на шампиони е уште потежок, му гостува на Кил.