Вујовиќ: Разочаран сум, најавив дека ќе дојдат тешки денови, но битката не е завршена!

556

Вардар 1961 не успеа да стави крај на лошата серија во Лигата на шампиони. На домашен терен беше совладан од Пик Сегед со 27-30 во рамките на осмото коло за петти пораз во низа.

Очајното првото полувреме беше пресудно за ваквиот расплет, македонскиот првак постигна само еден гол во 16. минути. Иако во вториот дел играта ја подобри, сепак тоа не беше доволно за да се приреди пресврт.

„Честитики до Пик Сегед за заслужената победа. Јас сум многу разочаран, не од резултатот, туку од начинот на кој одигравме. Лошо го отворивме мечот, напаѓачки не бевме ниту близу, отидоа на видна разлика која ја одржуваа, па сите нашите обиди не го дадоа резултатот. Немавме расположени играчи иако знаеме дека Пик Сегед имаат подобар тим од нас. Пастор е девет години со тимот, јас сум пет месеци. Кажав дека ќе дојде тешки денови, моето разочарување го делам со навивачите, кои не се задоволни. Поразот е тежок, но борбата не е завршена, нашата цел беше да се пласираме во следната фаза, ќе успееме во тоа“, изјави Вујовиќ. 

ПретходноНикој како Един Џеко: Напаѓачот на Интер влезе во историјата на европскиот фудбал!
СледноТалески: Жал ми е за публиката, мора да се собереме и да одиме напред!