Утре во Цирих во 17 часот ќе се одржи ждрепката за баражите за пласман на СП во Катар 2022 година. ФИФА го најави настанот со спектакуларна графика на која се првите ѕвезди на сите 12 репрезентации.
Од Македонија тука е Елиф Елмас, нашиот Дијамант, а тука се и Роналдо, Левандовски, Киеза, Бејл, Алаба… и останатите. Има 12 желби, 11 екстра квалитетни селекции, но само три “визи“. Само тројца од овие играчи ќе го видат Катар 2022 и ќе играат на Мундијалот. Да се надеваме дека еден од нив ќе биде и Елмас.
ФОТО: ФИФА