Фудбалерот на Омонија Жорди Гомез постигна фантастичен гол во 90. минута за реми 2:2 на гостувањето кај Карабах во Конференциската лига. Можеби најубавиот досега во ова новоформирано натпреварување во УЕФА.
Гомез ја погоди мрежата на противникот со шут од својата половина.