Квалификации за СП: Македонија без најдобрите на мегдан со С. Ирска!

299

 

Попладнево од 13 часот на стадионот на ФФМ во Скопје, нашата најдобра женска фудбалска репрезентација ќе ги одмери силите со соодветната селекција на С. Ирска. Ова е меч од 5.коло во групата – Д за пласман на СП 2023 година. Само четири денови подоцна со истата селекција играме на нејзин терен, во Белфаст.

Селекторот Кирил Изов истакнува дека нашата репрезентација е силно ослабена, имено ќе го нема најдобрите како Андонова, Рочи, Јаковски и уште неколку девојки, но затоа тука ќе бидат некои помлади репрезентативки кои се желни за докажување.

Македонија во изминатите четири кола има забележано само една победа и три порази, па така со само 3 бода моментално сме на петтата позиција на табелата во пресрет на овој двомеч со селекцијата на С. Ирска.Од друга страна селекцијата на С. Ирска има две победи, едно реми и само еден пораз. На хартија гостинките можеби се фаворити, сепак Македонија игра дома,игра пред своите фанови и посакува добар резултат.

Да потсетиме декамечот започнува во 13 часот а се игра на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија.

ПретходноРакометарките во „турбо ритам“ пред контролите во Стара Пазова (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноМурињо: За нас мечот со Зорија е финале