Леброн исфрли навивачи од сала, Феникс не знае за доста (ВИДЕО)

500

Во НБА-лигата се одиграа 11 натпревари, во центарот на вниманието се ЛА Лејкерс и Феникс.

Тимот од ЛА оваа сезона не ја почна според очекувањата, засега е далеку од врвот во Западната конференција, но синоќа дојде до важна победа, по продолжение. Леброн Џејмс и неговите соиграчи ја совладаа Индијана со 116-124, регуларниот дел заврши со 112-112.

Во продолжението се чини на крајот на нервите беше Џејмс, кој не можеше да го издржи притисокот од страна на фановите на Пејсерс. Побара истите да бидат исфрлени од салата. Засега не е познато што му дофрлиле, но дефинитивно според неговиот потег е нешто иритирачко.

Леброн во десетата победа на Лејкерс постигна 39 поени, 5 скока и 6 асистенции, зад него беше Вестбрук со 20 поени. На другата страна Малком Бронгдон имаше 28 поени.

Феникс продолжува во победнички ритам, против Кливленд го запиша 14 триумф во низа, со скор од 15 победи и три порази е на второто место на табелата во Западната конференција, каде лидер е Голден Стејт. Вориорс ја совладаа Филаделфија. Кари имаше дабл-дабл од 25 поени и 10 асистенции.

На останатите средби беа забележани следните резултати:

Кливленд – Феникс 115:120

Индијана – ЛА Лејкерс 116:124 (прод.)

Орландо – Шарлот – 99:106

Бостон – Бруклин 104:123

Хјустон – Чикаго 118:113

Мемфис – Торонто 113:126

Минесота – Мајами 113:101

Њу Орлеанс – Вашингтон 127:102

Оклахома – Јута 104:110

Сан Атнонио – Атланта 106:124

Голден Стејт – Филаделфија 116:96

Сакраменто – Портланд 125-121

ПретходноГенералниот директор на Јуве проговоре за ситуацијата по заминувањето на Роналдо
СледноКоментатор брутално го навреди Вида: Толку е грд што не смее да игра во овој термин