ЛЕ: Монако, Олимпијакос и Ренџерс извадија билети за нокаут фазата

127

Монако, Ренџерс и Олимпијакос изборија место во 1/16 финалето на Лигата на Европа откако вечерва ги победија Сосиедад, Спарта Прага и Фенербахче.

Монако славеше со 2:1 над Сосиедад со головите на Фоланд и Фофана и е сигурен патник во наредната рунда, додека Шпанците во последното коло ќе мора да го совладаат ПСВ на свој терен за да одат понатаму, во спротивно Холанѓаните ќе го освојат второто место во групата.

Ренџерс со двата гола на Морелос славеше со 2:0 над чешка Спарта и го освои второто место во групата и има три бода предност во однос на Чесите. Сепак, тимот од Глазгов оди понатаму поради подобриот меѓусебен скор (на првиот меч изгуби од Спарта со 1:0).

А Олимпијакос со 1:0 го победи Фенербахче. Долго се кршеа копјата на овој меч, а одлуката падна во 90 минута кога Сорес ја затресе мрежата на истанбулската екипа. Грците одат понатаму од оваа група Д заедно со Ајнтрахт, а Фенер остана трет со 5 бода, а Антверпен има два. Фенер ќе продолжи во Конференциската лига.

КВАЛИФИКУВАНИ:
ЛИОН
РЕНЏЕРС
МОНАКО
ОЛИМПИЈАКОС
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН
ВЕСТ ХЕМ
БЕТИС
АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ
ГАЛАТАСАРАЈ
ЛАЦИО

ПретходноВујовиќ: Ако мислат дека друг тренер ќе биде подобар – ќе си одам! Дојдов да го спасам Вардар!
СледноПадна обвинeнието – менаџерот Вељковиќ не местел натпревари