Милевски пред ждрепката за баражот: Кој и да се падне ние ќе играме за да победиме!

745

Утре во 17 часот во Цирих ќе се одржи ждрепката за баражите за пласман на СП во Катар 2022 година. За првпат и Македонија е во овој бараж, па така за нас ќе биде супер – интересно да видиме со кого ние ќе се паднеме.

Пред една недела во интервју за „Спортмедиа“ нашиот селектор Благоја Милевски истакна дека ако веќе мора да бира тогаш убаво ќе биде да се одбегнат Италија и Португалија.

Добро се сеќавам што реков за вашиот портал и тоа останува. Не сум го променил мислењето и во пресрет на утрешната ждрепка. Се разбира и јас, како и сите во Македонија, едвај чекам да видам со кого тоа ние ќе играме на 25/26 март а се надевам и на 28/29 март. Реков дека немам посебни желби, на тоа и останувам. Кој и да се падне секако дека Македонија ќе го даде својот максимум, ние ќе играме за да победиме“ посочува Милевски.

Инаку тој и натаму смета дека ако веќе мора да бира тогаш…

Да, убаво ќе биде да ги одбегнеме Италија и Португалија. Сепак зарем ривали како Шведска, Русија, Шкотска или Велс е добра ждрепка? Сите 12 селекции кои утре ќе се најдат во ждрепката се селекции за респект, секако дека тука ја ставам и Македонија. Ние досега направивме фантастичен успех, но одиме натаму, секоја дадена шанса ќе знаеме и тоа како да ја искористиме“ констатира Милевски.

ПретходноБадел 1862 убедливо поразен во Целје!
СледноЕлмас, Роналдо, Левандовски, Киеза, Бејл, Алаба…со погледите кон Катар 2022! (ФОТО)