Мура го совлада Тотенхем, Англичаните пред испаѓање од КЛ (видео)

415

Екипата на Тотенхем се најде во ситуација да испадне од Лигата на конференции откако вечерва загуби на гостувањето во Словенија од екипата на Мура со 1:2. Хорват во 11. минута ја доведе Мура во водство, а во 32. минута „спарс“ останаа со играч помалку поради исклучувањето на Рајан Сесењон. Хари Кејн изедначи во 72. минута, но во четвртата минута од судиското продолжение Мароса погоди и донесе победа за Мура.

Во оваа група Рен обезбеди пласман во следната фаза со ремито против Витесе 3:3. Французите се лидери со 11 бода три повеќе од вториот Витесе и третиот Тотенхем на едно коло пред крајот. Мура има само три бода.

Славниот Тотенхем е во ситуација да испадне од КЛ што би било срамно за екипа која до пред некоја година играше во финале на ЛШ. Во последното коло Тотенхем ќе игра дома со Рен.

А Партизан изгуби на гости од Флора (0:1) и исто така пропушти шанса уште сега да слави пласман во следната фаза. Вака му остави простор на естонскиот тим да се надева на чудо. Гент е лидер со 10 бода, Партизан има 7, Флора 5, а Анортозис 2.

Партизан во последното коло ќе игра со Анортозис на свој терен и тука ќе ја бара шансата за пласман понатаму.

ПретходноЗвезда и Динамо за европска пролет ќе се борат во последното коло (видео)
СледноПОЛУВРЕМЕ: Вардар во очај и со негатива од седум гола