Николов: Ќе се обидеме да им вратиме на Шпанците за поразот на Евробаскетот во 2011!

149

Репрезентацијата на Шпанија утре ќе им биде прв сериозен тест за избраниците на селекторот Драган Бајиќ, на репрезентацијата на Македонија во квалификациите за Светскиот Куп 2023 година.

Плејмејкерот на нашиот национален тим, Кристијан Николов во најавата за утрешниот натпревар бара поддршка од публиката за позитивен резултат.

Не чувствуваме никаков притисок, тоа е најважно за нас. Играме против Шпанија. Ќе дадеме сè од себе да дојдеме до позитивен резултат за нас. Следниот меч ни е со Украина, потоа и Грузија. Таму ги гледаме шансите и се надевам дека ќе бележиме позитивни резултати. Репрезентацијата е предизвик за секој од нас, а враќањето на Дамјан Стојановски е голем плус. Ние сите што сме овде ќе се бориме да имаме добри резултати и да носиме успеси. Се надевам дека ќе дојде и публиката да ни даде поддршка. А ние, ако ни се укаже било каква шанса, ќе се обидеме да им вратиме за оној пораз во полуфиналето од Европското првенство од пред десет години“– вели Николов.

Во петок навечер од 19.30 часот, Шпанија ќе гостува во Скопје, доволно за уште еден повик до публиката за Спортскиот центар „Јане Сандански“ да биде пополнет со максимално дозволениот капацитет.

ПретходноЛеонардо е причината зошто Зидан го одбил ПСЖ!
СледноСкариоло: Македонија може да ни направи проблеми, посебно Вајли!