Никој како Един Џеко: Напаѓачот на Интер влезе во историјата на европскиот фудбал!

284

Дури сега се гледа каков одличен потег направи Интер по заминувањето на Ромелу Лукаку. Го донесе Един Џеко од Рома и со тоа уште повеќе ја подобри ефикасноста во својот напад.

Вчера репрезентативецот на БиХ речиси сам го победи Шахтјар во Лигата на Шампионите и го однесе својот тим во осминафиналето во ова елитно европско натпреварување.

Со тие два гол Џеко се запиша во историјата на европскиот фудбал. Имено никој претходно не постигнал по 25 голови во Лигата на Шампипните и Лигата на Европа.

Со вчерашните два гола тој дојде до 50 голови европските настапи, по 25 во ЛШ и ЛЕ, нешто што го прави единствен во историјата на фудбалска Европа.

ПретходноВРЕМЕ Е ЗА ПРОМЕНИ: Пик Сегед го фрли Вардар 1961 во очај (ФОТО)
СледноВујовиќ: Разочаран сум, најавив дека ќе дојдат тешки денови, но битката не е завршена!