Во заедничката полициска акција во октомври 2018 година спроведена во Белгија, Србија, Кипар и Црна Гора беа приведени повеќе од 50 лица меѓу кои и фудбалскиот менаџер Дејан Вељковиќ. Медиумите во Белгија пишуваа дека тој е обвинет за местење на натпревари, меѓу нив и мечот Мехелен и Беверен. По првичната истрага ФС на Белгија му изрече 10-годишна забрана за работа како фудбалски менаџер, но тој демантираше дека има било каква врска со обвинувањата.
Деновите завршена е и судската постапка со наведената полициска акција и потврдено е дека обвинетиот Вељковиќ, како и неговата сопруга Марија, се невини и немаат никаква врска со случајот со местење на натпревари.
„Срамота за фудбалскиот сојуз на Белгија“ беше еден од насловите на белгиските медиуми посочувајќи дека ФС на Белгија избрзал да го казни менаџерот и тоа врз основа на вестите од медиумите и неточните и непроверени информации.
Крис Лујкс, адвокатот на Вељковиќ, изјави дека ќе бара финансиска надокнада затоа што неговиот клиент не можел да ја обавува работата изминатите неколку години.