Македонската женска ракометна репрезентација веќе четвртти ден се подготвува за пријателските контроли против Србија во Стара Пазова во рамките на ЕХФ неделата.
Предводникот на нашиот најдобар национален состав, Љубомир Савевски и неговите избранички ќе одиграат два дуели против нашиот северен сосед, првиот е закажан за во сабота, додека пак вториот два дена подоцна.
Дамите ќе тренираат до 30. овој месец. Добро е познато дека на први декември стартува светското првенство во женска конкуренција, чиј домаќин е Шпанија, но Македонија не обезбеди место, тешко дека ракометарките ќе успеат да дојдат до вајлд-карта за истото.