ФИБА не и дава шанса на Македонија во историските мундијалски квалификации

999

Македонската кошаркарска репрезентација утре (19:30 часот) на домашен терен ја пречекува Шпанија во првиот квалификациски дуел за пласман на Светското првенство 2023 година.

Селекторот, Драган Бајиќ и неговите момци покрај актуелниот првак, во група се заедно со Грузија и Украина. За продолжување на мундијалскиот сон во овие историски квалификации, Македонија ќе мора да заврши на едно од трите места во групата.

Во овој дел од квалификациите ќе учествуваат 32 селекции, а пред стартот на битките ФИБА направи еден поредок на репрезентациите. Ги подели во неколку групи, Македонија се најде во друштво на земји кои имаат најмалку шанси да ја минат првата фаза. Покрај „црвено-жолтите“ во оваа група се наоѓаат: Бугарија, Белорусија, Португалија, Исланд и Словачка.

Актуелниот светски првак секако е во првата група, додека пред Украина е Грузија. Секако изненадувањата не се исклучуваат, па дали Македонија ќе биде едно од нив останува да видиме…

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FIBA Basketball World Cup (@fibawc)

ПретходноВо каков состав ќе настапи Вардар 1961 на последниот домашен меч во ЛШ годинава?
СледноНејмар и Паредес разменија остри зборови (ВИДЕО)