Штутгарт победи после еден месец, Пешевски перфектен

87

По ремито против Фуксе Берлин во минатото коло, Штутгарт за кого настапува македонскиот репрезентативец Жарко Пешевски дојде до два знајачни бодови во битката за „преживување“ во Бундес-лигата.

Штутгарт по повеќе од еден месец конечно победи, на гостувањето кај Ерланген славеше со 27-320во меч од 13 рунда. За тимот на Пешевски ова беше само трета победа, со едно реми и осум порази направи скок од три места, привремено ќе биде на 14. позиција.

Пешевски мечот го заврши со четири гола од исто толку обиди, тој беше втор стрелец во редовите на својот тим. На оваа средба дебитираше Пешиќ, запиша 6 одбрани.

ПретходноЕлмас, Роналдо, Левандовски, Киеза, Бејл, Алаба…со погледите кон Катар 2022! (ФОТО)
СледноЗвезда и Динамо за европска пролет ќе се борат во последното коло (видео)