Македонскиот првак вечерва (20:45 часот) во СЦ „Јане Сандански“ го пречекува Пик Сегед во рамките на осмото коло во Лигата на шампиони. Вардар 1961 влезе во црна низа, во последните четири меча запиша исто толку порази, последниот токму од унгарскиот првак.
За да работите бидат уште потешки, предводникот Веселин Вујовиќ имаше тешка недела, откри дека списокот на повредени се зголемил, што пак ги отежна подготовките за дуелот со Пик Сегед.
Мишевски, Моралес и Тото поради повреди не отпатуваа во Сегедин, Стоилов и Кудуз имаат проблем со грбот, а додека листата на неизвесни ја затвори Дибиров. Најдобриот ракометар на „црвено-црните“ има вироза, прашање е колку ќе може да биде во добра форма и да се врати во полн сјај.
Со каков состав ќе настапи Вардар 1961 на денешиот меч против Пик Сегед, кој е од големо значење за враќање во победнички ритам и самодовербата, останува да видиме за некој час.
На првата пресметка пред една недела, единствениот македонски претставник во ова натпреварување практично сам се победи, не беше Пик Сегед толку опасен колку што „црвено-црните“ грешеа.
Мотивот е голем, ова последен меч за вардарци на домашен терен оваа година.
„Во Сегедин имавме шанса да се радуваме на бодови, но сопствените грешки нѐ чинеа пораз. За овој натпревар ќе се обидеме да ги сведеме на минимум. Ова е многу значаен натпревар за нас ,последен на домашен терен во ЛШ и затоа ќе сториме сѐ за да победиме“, изјави Мартин Томовски, кој во Сегедин запиша 13 интервенции.
По дуелот со Пик Сегед, Вардар го чекаат три гостувања.