Екипата на Црвена Звезда со победата над Лудогорец со 1:0 на „Рајко Митиќ“ во Белград е чекор поблиску до пласман во нокаут фазата од Лигата на Европа. Голот за победа го постигна Иваниќ во 57. минута. Звезда имаше во џеб место во нокаут рундата до финишот, затоа што и одеше во прилог резултатот од другиот дуел меѓу Брага и Митјиланд (тогаш беше 2:2). Но во финишот Данците постигнаат гол за победа од 3:2 и со тоа ја замрсија ситуацијата во групата Ф.
Звезда е прва со 10 бода, Брага има 9, Митјиланд 8, додека Лудогорец само 1 поен. Во последното коло Звезда ќе игра со Брага во гости, а Митјиланд ќе му гостува на Лудогорец.
А Динамо Загреб на Ристовски и Адеми имаше шанса со победа над Генк да оди во 1/16 финалето меѓутоа одигра само 1:1 и со тоа местото во следната рунда ќе го бара во последното коло. Менало го доведе Динамо во водство во 35. минута, а изедначи Угбо во 45. Тој резултат остана до крајот.
Вест Хем славеше кај Рапид Виена со 2:0 и сигурно е прв затоа што има 13 бода, а Динамо е втор со 7 поени, Генк е трет со 5, а Рапид има 3. „Модрите“ во последното коло ќе му гостуваат на Вест Хем, додека Генк ќе игра со Рапид на свој терен.
⏰ EARLY RESULTS! ⏰
🔝 Top display was from _______#UEL
— UEFA Europa League (@EuropaLeague) November 25, 2021