ПСЖ загуби на гостувањето кај Манчестер Сити со 2-1 во 5. коло од Лигата на шампиони. За време на оваа средба можеше да се види жестока расправија помеѓу Нејмар и Леандро Паредес.
Двајцата играчи на францускиот тим разменија неколку остри зборови, откако Бразилецот пред крајот на полувремето загуби топка на својата половина. Паредес гестикулираше кон Нејмар да ја смири играта и да не брза, но на ѕвездата на ПСЖ тоа не му се допадна, па токму затоа следеше расправија.
На голема среќа, Лајпциг го победи Клуб Бриж со 5-0 и ги реши дилемите од оваа група околу пласманот во нокаут фазата. Сити оди како лидер, додека ПСЖ од второто место.