Сан: Тотенхем на зима го купува Ерик Баи

83

Тимот на Тотенхем и неговиот нов менаџер, Антонио Конте зимава планираат да го засилат дефанзивниот ред. Па така, според денешното издание на „Сан“ изборот паднал врз во моментов играчот на Манчестер Јунајтед, Ерик Баи кој не добива премногу шанса сезонава на Олд Трафорд.

Баи според написот воопшто не е задоволен од тоа, пред се затоа што има 27. години и е во зенитот на неговата кариера и затоа што едноставно сака да игра. Во фудбалските кругови пак е познато дека Конте уште како тренер на Интер го посакувал Баи како потенцијално засилување.

 

ПретходноВардар 1961 во силен состав против Пик Сегед
СледноЏака се враќа на терен на почетокот на јануари