Од тешко – потешко за Вардар во Лигата на шампионите. Вардар 1961 ниту со помош на своите фанови не успеа да му парира на Пик Сегед, одигра лошо и во нападот и во одбраната.
Македонскиот првак ќе мора да се собере доколку сака да ја надмине серијата од пет порази во низа.
„Со резултат 8-1 на стартот на мечот не може да се игра против Пик Сегед. За поразот самите сме виновни, мораме да ја анализираме нашата игра. Благодарност до публиката за поддршката во овие тешки моменти, жал ми е што не успеавме да ги анализираме. Мора да собереме сили, ќе биде тешко, во криза сме, но мора да се исправиме и да одиме напред“, изјави Талески.