Ракометарите на Алкалоид со 25:42 (13:22) успеаја на гостински терен, кај Металург РА да победат и да освојат нови бодови. Продолжува добрата форма на момците од тимот на Алкалоид. Тие вечерва немаа апсолутно никакви проблеми да слават очекувана и заслужена победа.
Најефикасен во тимот на Алкалоид во овој меч од Првата лига во ракомет, беше Јорданов со 9 голови, додека Неданоски кај домашните беше најзабележителен со 11 погодоци.