Лотар Матеус: Не ја отпишувајте Македонија предвреме, таа ја победи Германија!

2129

Лотар Матеус, Германецот кој ни ја “намести“ пеколната ждрепка, после церемонијата во Цирих даде интересен коментар за нашата репрезентација. Не е тајна дека сите ја отпишаа Македонија откако видоа дека прво треба да ја мине Италија, а потоа и веројатно Португалија за да го види Катар.

Тешка, претешка група е таа група-Ц. Тука се Италија и Португалија, една од овие две селекции нема да го види Катар. Сепак, немојте да ја отпишувате Македонија, таа игра добар фудбал, таа добро ќе одигра со Италија. Па таа Македонија ја победи мојата Германија, немојте да го заборавата тоа“ истакна славниот Германец.

ПретходноМожеме со Италија: Во Торино одигравме реми, во Скопје ги спаси Имобиле! (ВИДЕО)
СледноУкраина загуби од Грузија на гости!