Јунајтед в понеделник ќе го промовира Рангник!

361

Ралф Рангник, стратегот од Германија кој во моментов е спортски директор на Локомотив Москва е новиот менаџер на Манчестер Јунајтед. Оваа вест вчера одекна како “бомба“ зошто никој, ама баш никој не се надеваше дека токму Рангник ќе биде наследникот на Оле Гунар Солскјер.

Според медиумите во Англија се е договорено, Локомотив Москва се сложил да го пушти директорот да оди на “Олд Трафорд“, а неговата промоција ќе биде в понеделник.

Секако дека ова е вест бр.1 во Премиер- лигата.

Неговиот сонародник, Јирген Клоп, стратегот на Ливерпул искоментира дека тоа е лоша вест за останатите екипи зошто во Премиер – лигата доаѓа навистина екстра квалитетен тренер.

ПретходноАлкалоид лесно со Металург РА до нов триумф!
СледноМакедонија на пауза замина со минус 11 поени!