Навистина лоши вести од Цирих во врска со ждрепката за баражот за СП во Катар 2022. Македонија никако немаше среќна ждрепка, напротив. Од тешко потешко. И гостуваме на Италија, и тука ако минеме тогаш одиме уште на едно тешко гостување, веројатно кај Роналдо, кај Португалија или Турција во Истанбул.
Значи патот е многу тежок, пеколно тежок за нас. Прво го добивме актуелниот европски првак, а ако го минеме тогаш ќе налетаме на екс – европскиот првак.
И да сакавме потежок пат до Катар не можевме да добиеме.
Сепак имаме верба во овие момци.
Одиме Македонијо.
Интересно. Или Италија или Португалија нема да го видат Катар. А може и двете, ова зависи од Македонија или Турција.