Алекс знае како се “тресе“ Италија: Се надевам на нов гол против „аѕурите“!

530

Алекс Трајковски многу добро знае како се “тресе“ Италија. Во меч од квалификациите за СП 2018, тој беше нашиот херој на гостувањето во Торино, кога во октомври 2017 година успеавме да дојдеме до 1:1 и тоа со неговиот гол во 77.минута.

Инаку Алекс е познат во Италија, тој четири години го носеше дресот на Палермо.

За „Спортмедиа“ ја коментира ждрепката од Цирих, која сакаше токму Италија да ни биде ривал во полуфиналето во плеј – офот за пласман на Мундијалот.

Убаво се сеќавам на тој гол во Торино. Убаво е да се даде гол против една Италија. Се надевам дека ќе го повторам тоа во март кога им гостуваме на „аурите“ во баражот. Како и селекторот и ние веруваме дека можеме, имаме квалитет да се надигруваме и со квалитетни селекции како Италија. За нас доволен мотив е големината и значењето на овој меч за Македонија. Ќе го дадеме максимумот и се надевам дека ќе одиграме одличен натпревар“ истакна Трајковски.

ПретходноМакедонија на пауза замина со минус 11 поени!
СледноАлиоски погоди, Ал Ахли загуби на домашен терен (видео)