Вајли: Добри бевме во првиот дел, потоа паднавме

206

Крилниот центар на Македонија Џејкоб Вајли  постигна 10 поени и беше втор стрелец во нашиот тим зад Тео Симиќ. Тој го потврди она што го кажа селекторот дека во вториот дел тој и неговите соиграчи премногу грешели што им овозможило на Шпанците лесно да дојдат до победата.

Шпанија е силна екипа, наша цел беше да излеземе и да се бориме. Мислам дека успеавме во првиот дел, но потоа направивме многу грешки и паднавме. Како и да е, јас сум горд на моите соиграчи, се надевам дека ќе бидеме подобри во следните натпревари. Мора да извлечеме поука од овој меч. Сигурно е дека во Украина нема да ни биде лесно, но мора да ги правиме добрите работи кои ги правевме денес, тоа е да се бориме и да играме по внимателно“, изјави играчот на Будуќност.

ПретходноБајиќ: Резултатот не е важен, ние градиме игра за наредните години
СледноШтутгарт го победи Мајнц и ја прекина серијата од три порази (видео)