ИФАБ не дозволи подолго полувреме, но дозволи по пет замени на секој натпревар

208

Одборот на Меѓународната фудбалска асоцијација (ИФАБ), телото одговорно за поставување на фудбалските правила, вчера на состанок одлучи да ја официјализира препораката за петте замени на еден натпревар како логично фудбалско правило во сите фудбалски првенства од 31 декември 2022 година. Тоа значи дека од следната сезона сите фудбалски натпревари ќе треба да се играат со по пет дозволени замени, а одлука ќе се донесе на следното генерално собрание кое ќе се одржи во март 2022 година во Цирих, Швајцарија.

Можноста за продолжување на максималниот период за полувреме на 25 минути од моменталните 15, како што веќе објавивме не е прифатена, Според телото за поставување на фудбалските правила таквата пауза потенцијалното негативно ќе влијание врз благосостојбата и безбедноста на играчите поради долг период на неактивност меѓу двете полувремиња.

„Зеленото светло“ било дадено и за ажурирање на системот ВАР за автоматски да сигнализира офсајд можеби уште на Светското првенство во Катар во 2022 година.

ПретходноМитревски повторно во ТОП 5 најдобри одбрани во ЛШ (ВИДЕО)
СледноКуман ќе и земе на Барселона 10 милиони евра