Еди Хау ќе дебитира на клупата на Њукасл на саботниот натпревар со Арсенал, бидејќи денеска и официјално доби негативен тест за коронавирус.
Новиот стратег на „страчките“ го пропушти минатонеделното деби против Брентфорд поради Ковид-19, но во меѓувреме се опорави и нема повеќе пречки да го регистрира својот прв натпревар во клубот од Сент Џејмс Парк.
Тој беше доведен од новиот сопственички тим на клубот, кој има големи амбиции. Хау прва задача ќе има да го извлече тимот од „црвената зона“ на табелата.