Барселона и Роналд Куман постигнале договор за раскинувањето на договорот меѓу двете страни, објави каталонскиот весник „Ел Периодико“. Клубот се обврзал да му плати казна од 10 милиони евра за неговиот предвреме раскинат договор.
Според договорот, Барселона требаше да му плати на Куман 12 милиони евра, но специјалистот се откажа од 2 милиони за да постигне побрз договор.
Куман беше заменет на кормилото на каталонскиот гигант со привремениот тренер Серхи Бархуан, пред Чави Ернандез конечно да биде назначен за нов тренер.