Милевски: Македонија може против секого на било кој терен

340

Репрезентацијата на Македонија во рамките од полуфиналето во баражот за следниот Мундијал во Катар 2022 година ќе се сретне со репрезентацијата на Италија. Вака одлучи денешната ждрепка, која ги одреди двојките за оваа фаза.
Противникот нам ни е познат, и не треба премногу да се говори за него. Италија е една од светските велесили, и актуелен Европски првак. Сепак, ние не стигнавме до тука залудно имаме квалитети, а тоа го потврдува и нашиот селектор Благоја Милевски.

„Италија е актуелен европски првак. Имаме голема почит за противникот и за нивниот селектор. Многупати сум напоменал дека го ценам како селектор и како тренер. Сметам дека е најзаслужен за европската титула на Италија. Под негово водство, сведоци сме на една нова, модерна фудбалска Италија која ги надминува стереотипите базирани само на дефанзива. Играат сосема поинаков фудбал, тоа ги отежнува работите за сите нивни противници, сега и за нас се разбира, но мора да се прилагодуваме на предизвиците. Македонија има свои квалитети, нѐ случајно сме во баражот и ќе се потрудиме да бидеме конкурентни и на овој натпревар„ – изјави Милевски па додава.

„ Македонија покажа дека без разлика дали игра на домашен или на гостински терен може да се спротивстави на секој противник, се разбира дека ќе ни недостасува поддршката од публиката, но околностите не можеме да ги менуваме.  Во денешниот фудбал аутсајдери има само на хартија. Сето она што се случува на терен е сосема друга приказна. Според рејтингот, Италија е фаворит, но на терен за исходот на мечот во голема мера ќе се прашуваме и ние. Покажавме во текот на квалификациите дека имаме квалитет, како и сите други учесници во баражот и ќе се потрудиме тоа да го потврдиме“ – рече нашиот селектор непосредно по ждрепката.

 

ПретходноСамо три “визи“ а 12 желби, еве го патот до Мундијалот!
СледноКристијано пак нека ПЛАЧЕ, но сега од МАКЕДОНИЈА!