Од ПСЖ велат, добредојде Зизу…

369

Се поизвесно е дека ќе има огромни тренерски рокади во рвот на светскиот фудбал. Се шпекулира многу, а засега едиснтено Манчестер Јунајтед се реши на радикални чекори. Го отпушти Оле Гунар Солскјер, го ангажираше Ралф Рангник како привремено решение. Се споменуваше пристигнување на Маурисио Покетино, во моментов кормиларот на ПСЖ, кој по само десетина месеци престој во Париз, наводно не е задоволен, а ниту клубот премногу од него.
Па така, во целата ситуација за „забибери“ братот на сопственикот на ПСЖ, Калид бин Хамад бин Калифа Ал-Тани синоќа на твитер објави кратка порака, „Се е договорено добредојде Зизу“… Неколку часа подоцна на истиот профил беше објавена слика од Зинедин Зидан.

Тоа е истиот човек кој соевремено прв објави дека Лионел Меси дефинитивно пристигнува во Париз. Дали се работи во моментов само за шпекулација, која подоцна ќе биде преформулирана во вистинска информација останува да видиме, но во арапскиот свет ваквиот тип на информации, со ваква тежина речиси секогаш се веродостојни.

ПретходноИсторија пред ждрепката: Имаме победи над Шкотска и Велс, само порази со Русија и Шведска!
СледноИталијанците посилни за тројца Бразилци во баражите во март?