ОФИЦИЈАЛНО: Пиоли во Милан до 2023 година

102

Директорите на Милан, Паоло Малдини и Иван Газидис потврдија дека  продолжувањето на договорот на Стефано Пиоли е завршена работа.

„Проектот продолжува“, напишаа од Милан.

Пиоли утрово потпиша нов едногодишен договор, со опција за продолжување на уште една сезона.

„Сакаме да бидеме амбициозни и да изградиме нешто важно по победата во Мадрид. Гладен сум за фудбалот, учам сè и се обидувам да им ги пренесам моите идеи на моите фудбалери“, изјави Пиоли за Милан ТВ

„Стефано ги отелотворува вредностите на овој клуб, знам дека и Малдини го чувствува истото. Пиоли е неверојатен, тој е совршен за Милан, не само како тренер туку и како личност“, изјавил Газидис.

ПретходноКуманово повторно исфрлен од БИБЛ лигата, повеќе никогаш нема да заигра во ова натпреварување!
СледноМилионер ЏЕК ПОТ вреден 1.331.210 денари, го разубави животот на Дејан од Прилеп