Ривер Плата конечно шампион на Аргентина

176

По седум години пауза, тимот на Ривер Плата повторно е шампион на Аргентина. Синоќа тимот на Ривер триумфираше на домашен терен против тимот на Расинг со 4:0 и на тој начин сес текна со 12 бодови предност, недостижни за ривалите кои се на втората позиција на табелата.

Со ова, тренерот на Ривер, Марсело Гаљардо ја освои единствената титула која му недостасуваше откако е на чело на овој легендарен клуб. Неговиот договор завршува набргу, а тој сеуште не се изјаснил дали ќе го обнови или пак ќе замине некаде во Европа.

 

ПретходноМајсторија од „колк“ на Талески за почит (ВИДЕО)
СледноСпоменик во Наполи во чест на Диего Армандо Марадона