Само три “визи“ а 12 желби, еве го патот до Мундијалот!

590

Конечно, ете и Македонија е во светскиот фудбалски крем. Познато е дека играме со Италија, а потоа веројатно со Португалија.

Инаку еве ја целата ждрепка од Цирих, еве го патот на сите 12 селекции за Катар, за Мундијалот следната година. Тоа се 12 желби а само три “визи“.

Во Групата -А се среќаваат Шкотска – Украина и Велс – Австрија, во групата – Б ќе играат Русија – Полска и Шведска – Чешка. И во нашата Група -Ц, Италија – Македонија и Португалија – Турција.

Да потсетиме само победниците од сите три групи одат во Катар на СП.

Да се надеваме дека од нашата група тоа ќе бидеме ние.

ПретходноМанчини: Македонија е незгоден тим и нема да ни биде лесно
СледноМилевски: Македонија може против секого на било кој терен