Скариоло: Симиќ е голем талент, Барса не го земала бадијала

440

Трофејниот стручњак Серџо Скариолo на прес-конференцијата зборуваше за нашиот репрезентативец Симиќ кој беше светла точка на мечот. Тој призна дека е восхитен од кошаркарот на Барселона.

„Знаевме дека тој е многу талентиран играч, а Барселона сигурно не го земала бадијала. Одличен шутер е, но треба да го развие телото, поради позицијата на која игра и малку повеќе да скока од истите причини. Воодушевен сум од неговата игра и можам да му предвидам блескава иднина. Мислам дека ќе стане голем играч, всушност, тој веќе е голем играч“, изјави шпанскиот селектор.

ПретходноМаестрална партија: Македонија загуби од Шпанија, но го доби Тео Симиќ!
СледноБајиќ: Резултатот не е важен, ние градиме игра за наредните години