На годишнината од смртта на еден од најголемите фудбалери на сите времиња, Диего Армандо Марадона направен и претставен е споменик во негова чест. И тоа во градот каде што со своите игри остави најголем впечаток, во Наполи. Таму тој засекогаш ќе биде сметан за повеќе од само фудбалер, идол на генерации, туку ќе биде споредуван буквално со божевство.
На вчерашен ден минатата година Диего Марадона почина во болница, а зад себе остави милиони обожаватели кои ќе го злават неговото име уште многу години како еден од најголемите кои воопшто заиграл фудбал.