Украина загуби од Грузија на гости!

117

Во првиот меч од групата -Г, во која е и Македонија, за пласман на Светскиот Куп, Украина на гости во Грузија по малку изненадувачки загуби со 88:83. Се водепе голема битка на паркетот во салата во Тбилиси. И две селекции се менуваа во водството, но сепак на крајот домашните успеаја да стигнат до првите два бода.

Ова значи дека на Македонија ќе и биде уште потешко на гостувањето во Киев.

Инаку најефикасни кај победничката екипа беа МекФаден и Шермадини со по 23 поеени, додека кај Украинците најмногу поени реализираше Близнук, вкупно 18.

ПретходноЛотар Матеус: Не ја отпишувајте Македонија предвреме, таа ја победи Германија!
СледноАлкалоид лесно со Металург РА до нов триумф!