Во Евролигата се одиграа четири натпревари на кои впечатлива беше победата на Уникс Казан на гостувањето кај Црвена Звезда со 78:98. Руската екипа по првата четвртина поведе со 10 разлика (16:26) и го отвори патот до победата. Браун постигна 18, а Канан и Хезоња по 17 во редовите на Уникс кој ја запиша седмата победа сезонава во 12-тиот меч, додека Звезда има осум порази.
Барселона продолжи победнички. Вечерва на свој терен убедливо го совлада Жалгирис и со тоа стигна до 10-тата победа сезонава и притоа остана на чело на табелата. Резултатот во „Блауграна“ гласеше 96:73 со тоа што Јокубаитис со 15 и Ориола со 13 беа најефикасни кај Шпанците.
Монако загуби од Лион Вилербан со 84:85, додека Милано дома е поразен од Олимпијакос 72:93.