Атлетик со автогол избегна пораз од Гранада (видео)

66

Екипата на Гранада беше блиску до триумф над Атлетик Билбао на „Сан Мамеш“ по пауза од седум години, но радоста ја пречи автогол. Ова е меч од 15. коло на шпанската Ла Лига и Атлетик поведе со гол на Гарсија во 10. минута, за потоа од 25. до 34. минута Гранада да направи пресврт со голови на Мачис и Молина.
Во 76. минута голманот Масимијано лошо ја процени акцијата, дозволи противничкиот играч да го помине и потоа по шутот тој само ја одби топката во својата мрежа за 2:2 и поделба на бодовите.

Ова е осмо реми на Атлетик сезонава и го држи 8. место на табелата со 20 бода, додека Гранада е на 16-тата позиција со 12 бода, а шест им се ремија.

ПретходноШтутгарт го победи Мајнц и ја прекина серијата од три порази (видео)
СледноУникс ја демолира Звезда во Белград, убедлив триумф на Барселона